Поврзи се со нас

Вести

Добредојде за печалбарите во Гостивар со концерти, спортски активности, канцеларија за поддршка и бесплатна градинка за децата

Објавено

на

Општина Гостивар во знак на добредојде на иселениците ќе организира повеќе културно-забавни и спортски активности. Од локалната самоуправа велат дека ќе се потрудат да им овозможат пријатен престој во родниот крај за време на летните одмори.

„Првиот чекор што го презеде Општина Гостивар во оваа насока, е реактивирање на Канцеларијата за иселеници во рамките на општинската администрација од 1 јули, која ќе биде отворена до 31 август, а ќе дава бесплатни услуги 12 часа на ден. Покрај тоа, за време на нивниот престој во родниот крај, на иселениците ќе им се овозможи бесплатно да ги носат децата од предучилишна возраст во гостиварските градинки, за што веќе е обезбеден дополнителен кадар, како и следење на бесплатни курсеви по албански јазик“, информираат од општината.

Во рамки на “Денови на иселениците” ќе се организираат повеќе културно-забавни и спортско-рекреативни активности кои ќе започнат на 15 јули (недела) на градскиот плоштад со Стенд ап комедија на комичар Хашим Мемиши Сопи. Предвидени се уште две други театарски претстави, неколку концерти, детски квиз на знаење, турнир во мал фудбал, шаховски турнир и Тјунинг шоу со авотмобили.

„Општина Гостивар, иселениците ги смета како мошне важна категорија на граѓани, и на локално и на централно ниво, затоа со цел тие да не ги раскинат врските со татковината и да останат и понатаму клучен фактор за економскиот развој на земјава, ќе вложи максимални напори нивниот престој во родниот крај, да им го направи поатрактивен и да ги привлече помладите генерации редовно да го посетуваат Гостивар“, нагласуваат општинските власти.

Сподели ја веста:
1 Коментар

1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 5 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 7 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 12 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 13 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 14 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 16 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 17 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена