Вести
Милионска сума од Швајцарија, од државата и од општината за подобра комунална инфраструктура во Гостивар
grant, gostivar,
Денес во Министерството за финансии беше потпишан договор со кој општина Гостивар добива 4,6 милиони евра грант од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања (СЕКО) за подобрување на водоводниот и канализациски систем. Договорот го потпишаа директорот на ЈП Комуналец, Исак Лазами, министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и Рене Ескеман, претставник од КфВ банка.
Освен овој грант за подобрување на водоводната и канализациона инфраструктура, општина Гостивар ќе инвестира и сопствени средства во висина од околу 680 илјади евра, ќе добие 250 илјади евра грант од КфВ банка, како и заем од Владата во износ од 1,7 милиони евра.
Со парите ќе се поставуваат нови цевководи, резервоари, зафати и санација на мрежата, а ќе се набави и опрема за откривање протекување на вода, со што ќе се намалат загубите на вода.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар