Вести
Почна изградбата на нов водовод во гостиварско Дебреше
Жителите на гостиварското село Дебреше од наесен нема да имаат недостиг на вода. Во ова село, започна изградбата на нова водоводна линија во должина од 2.300 метри, со која двојно ќе се зголеми количината на водата за пиење за населението.
“Дебрешани многу често се жалеа на недостиг на вода за пиење. Сметаме дека со изградба на оваа нова линија, односно со добивање на вода од два дополнителни извори, проблемите ќе се надминат.“, рече градоначалникот Арбен Таравари, кој заедно со директорот на ЈП Комуналец Исак Лазами беа во селото за да го проследат почетокот на работите.
Лазами информираше дека договорот со Секретаријатот за економски прашања на Швајцарија (SECO), кој беше потпишан деновиве вклучува подобрување на водоснабдувањето на Дебреше со вода и дека проектите ќе бидат квалитетно спроведени по сите стандарди. Според најавите, новата водоводна линија ќе биде завршена за околу два месеци.
Во ова село деновиве, населението со поддршка на општината и јавните претпријатија спроведе акции за чистење и уредување на јавни површини.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница