Поврзи се со нас

Вести

Полицијата во „лов“ на нелегални пејачки и танчерки во гостиварско-тетовскиот регион

Објавено

на

Во текот на овој месец, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово биле спроведени 11 акциски контроли, 5 во Гостивар и 6 во Тетово, во 12 угостителски објекти, за откривање на странски државјанки, кои непријавено престојуваат и нелегално работат во објектите.

„Во овие контроли затекнати се 66 странски државјанки. Најголемиот број од нив -50 биле од Албанија, 6 од Косово, 5 од Србија и по една од Црна гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Бугарија и Грција. Без малку сите го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта и нелегално работеле како пејачки, танчерки, келнерки или друг угостителски персонал.“, соопшти СВР.

Речиси сите странски државјанки, претежно на возраст од 18 до 40 години, биле депортирани во нивните матични земји, откако претходно биле изведени пред судија за прекршоци, кој им изрекол парични казни и времени мерки-забранет влез во Република Македонија од 1 година.

Секторот за внатрешни работи Тетово најави дека и во наредниот период ќе спроведува редовни и акциски контроли за откривање и законско санкционирање на странски државјанки, кои непријавено престојуваат и работат на подрачјето и за нивна евентуална инволвираност во проституција, трговија со луѓе или други незаконски активности.

Инаку, во изминатите шест месеци од годинава на тетовско-гостиварското подрачје спроведени биле 17 акциски контроли во 21 угостителски објект, во кои биле откриени 63 странски државјанки, најмногу од Албанија, Србија и Косово.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 57 минути

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 14 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 15 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 17 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 18 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 19 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 21 час

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 21 час

Се исплаќа априлската социјална помош

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена