Вести
„Војна“ за тендерите меѓу ДУИ и Таравари
Јавните набавки на општината отворија „војна“ меѓу огранокот на ДУИ во Гостивар и локалната власт. ДУИ во серија соопштенија посочи дека актуелната локална самоуправа направила сериозни злоупотреби и прекршувања во тендерски постапки.
„Таравари јавно наведува дека јавните набавки се направени на совршен начин и во согласност со законот, но надлежните институции се изјасниле поинаку. Државната комисија за жалби на јавните набавки, донесе решение во кое се констатирани повреди во однос на јавните набавки за хоризонтална сигнализација на улиците и патиштата во Гостивар. Поради утврдување на повреда на Законот за јавните набавки, комисијата ја укина одлуката за избор на најповолна понуда и ја поништи постапката.“, реагира огранокот на ДУИ. Како друг пример го наведуваат тендерот за изработка на идејно решение за Аква парк во Гостивар за кој велат дека е доделен на фирма која го подготвила проектот пред да биде објавен огласот. „Во концептуалниот дизајн на компанијата која ја доби јавната набавка, јасно се гледаат фотографии, направени за време во зимската сезона, а тендерот беше објавен во мај“, стои во соопштението.
Градоначалникот Арбен Таравари ги отфрла обвинувањата на опозицијата. Тврди дека како локална власт работат според законите.
„Ние сме сериозна власт и работиме како што треба. Тендерот за Аква паркот беше за изработка на идејно решение, не за изградба на паркот. Конкурираа три проекти, кои од општината добија награда – првиот 800 евра, вториот 500 и третиот 300. Првонаградената е фирма од Скопје која има изработено фантастични објекти во Скопје, како на пример Веро и е една од посериозните. И другите два проекти кои беа од гостиварци беа одлични, но имаа недостатоци во однос на првонаградениот“, изјваи градоначалникот.
Таравари ги повика граѓаните дека можат да ги следат јавните набавки, да се информираат и да направат увид во документите, а доколку забележат неправилности да пријават во надлежни органи.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!