Македонија
Повисоки септемврски плати за воспитувачките и негувателките во градинките
Министерот за финансии Драган Тевдовски најави дека платите на вработените во детските градинки ќе се зголемат, а покачувањето од 5% ќе започне да важи од септемвриската плата. „Покачувањето на платите се однесува на негувателките и воспитувачките, оние кои се директно вклучени во грижата на децата. Децата се иднината на земјата и затоа ние како Влада вложуваме во нив и за кадарот кој се грижи за нив. Од септемвриската плата исплатена во октомври, предвидено е покачување од 5%, за сите околу 4.300 вработени во градинките”, рече Тевдовски.
Според податоците од Министерството за труд и социјала од почетокот на годинава биле обезбедени финансиски согласности за вработување на над 900 лица, од кои поголемиот дел се на неопределено време.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот