Култура
Вечерва свечено отворање на ликовната колонија во Гостивар
Четириесетина уметници ќе творат во рамки на годинешното издание на Ликовната колонија во Гостивар, која традиционално ја организира Здружението за ликовни уметности „Драудакум“. Свеченото отворање е најавено за вечерва, а колонијата ќе трае до 30 август.
На листата на учесници се наоѓаат ликовни уметници од Македонија, како и од повеќе странски земји: Украина, Косово, Албанија, Бугарија, САД, Турција. Како специјален гостин е најавен Омер Калеши, истакнат сликар по потекло од кичевско, кој живее и твори во Франција.
Авторите ќе се инспирираат и ќе творат во гостиварскиот регион, а колонијата како и секоја година ќе биде крунисана со заедничка изложба на создадените уметнички дела на 29 август, во Центарот за култура.
Ликовната колонија во Гостивар годинава се одржува по 13 пат.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот