Вести
Кои патишта и улици во општина Гостивар се предложени како приоритетни за уредување?
Една од точките на дневниот ред на седмата седница на Советот на општина Гостивар, која е закажана за петок (21 септември) е Листата на приоритетни проекти за изградба и уредување на патишта и улици.
Листата содржи шест проекти и тоа: уредување и изградба на локалните патишта Србиново–Лакавица, во селото Вруток (базен за риби–ново мало), стариот пат Равен-Вруток и село Балиндол–Старо Чајле, како и уредување и изградба на патот од бензинската Мак Петрол до објектот Игнација и улицата М.Тито во населбата Питарница.
Предлог одлуката најпрво ќе ја разгледува Комисијата за финансии и локален економски развој, чиј состанок е закажан денес.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
1 Коментар