Култура
„Чист Хероин“ од Дејан Крстески промовирана пред гостиварската публика
Збирката раскази „Чист Хероин“ од Дејан Крстески, после скопската, доживеа промоција и во Гостивар. Книгата вчеравечер беше промовирана пред љубителите на пишаниот збор во галеријата Култ. Публиката имаше можност да слушне неколку од четириесетината раскази содржани во ова дело, кои беа прочитани на македонски и на албански јазик.
Крстески, рече дека во сите овие раскази се крие основата на сите луѓе, како и нивната темна страна.
„Возбуден сум, што сум овде, во Гостивар ја промовирам оваа збирка раскази, којашто произлезе, како производ од моите две професии, книжевноста и психологијата. Гледав што е можно подлабоко, но на пократок начин да ги опишам душевните состојби, со кои постојано се соочуваат. Според мене, постојат два типа на луѓе. Првиот тип се луѓе, што емигрираат надвор од државата, а вториот тип се луѓе, кои емигрираат самите во себе. Јас спаѓам во вториот тип на луѓе и затоа сум насочен кон тоа да ги претставам нивните карактеристики во оваа збирка раскази“, рече авторот.
Пред присутните беше прочитан и дел од рецензијата на проф. др. Ана Мартиноска.
„Збирката куси раскази „Чист Хероин“, слободно можеме да ги наречеме и одломки, исечоци од животот, овде и сега. Во нив ги има празните улици и тескобата на градот, лебарките во болниците, дупките на калдрмите, смрдеата на јавните тоалети и душевните болници, ситните души, заборавени на наплатните пунктови со јажиња околу вратот. Овде се претставени ирационалните, инаетливите, пркосните, осамените, а највеќе маргинализираните, несфатените, неправедно осудените и озборуваните“, вели Мартиноска, во својата критика, објавена во Меѓународното списание за книжевност и други уметности, Блесок. Таа додава и дека збирката раскази содржи голема доза на агресивност, страв и тага, коишто совршено ја отсликуваат реалноста на луѓето.
Дејан Крстески најави дека подготвува нешто сосема ново дело, за кое не сакаше да открие детали. Книгата, „Чист Хероин“ е негово трето книжевно остварување.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот