Поврзи се со нас

Музика

Науката тврди дека ова е убедливо најсреќната песна на светот

Објавено

на

Музиката е насекаде околу нас, ние секојдневно уживаме во различни мелодии и навистина ништо не го подобрува расположението како добра музика. Што и да работите, ако тоа го правите со песна, ќе ви биде полесно.

Дури и после разделбата од саканата личност, нема ништо подобро од тажна мелодија, низ која ќе можете добро да се исплачете. Кога ќе дојде петок пак и ќе се подготвите за излегување, најдобро е да започнете со некоја супер среќна мелодија.

Според група на научници од универзитетот во Мизури, најсреќна песна на светот е: „Don’t stop me now“, од Квин, најдобрата група на сите времиња.

Групата научници, дошла до прилично чудно откритие, откако ги проучиле ефектите на музиката, врз група на испитаници, кои учествувале во истражувањето. Во текот на двонеделното истражување, научниците дошле до заклучок дека музиката ги прави луѓето посреќни, а во продожението на истражувањето, успеале да откријат, како вид на музика го подигнува расположението.

Научниците за истражувањето, составиле одредена формула. Неврологот Џејкоб Џолиј, ја формирал формулата за среќа, проучувајќи 126 песни, создадени во последните 50 години. Песните ги одбрал, откако ги проучил одговорите на 2000 луѓе, во врска со нивните најомилени мелодии.

Џолиј потоа ги пронашол песните со најдобри оценки, (две-третини од испитаниците рекле дека најомилена песна им е „Don’t stop me now.“ После тоа ги проучувал бројот на битовите во минута, ритамот, темата и текстовите.

„Образецот беше многу јасен. Просечното темпо на среќна песна е неверојатно повисок во однос на просечната песна. Песната за добро располижение е со 150 битови во минута“, изјавил Џолиј.

Се чини дека песните на култната група, Квин ги поседува сите атрибути за среќа, а тие кои не ја сакаат оваа песна, сигурно сакаат некоја друга чие темпо е од 140 до 150 битови во минута.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена