Вести
Шест одвратни работи кои пеперутките сакаат да ги јадат
Покрај нектарот од цвеќињата со кој се хранат, ви претставуваме уште некои омилени оброци на овие величествни инсекти.
Пеперутката е сакана културна икона, прославена во уметничките дела и почитувана како симбол на многу нешта – од љубовта до повторното раѓање. Сепак, овие инсекти не се толку прекрасни како што изгледаат, барем не нивните оброци:
Кал
После бура, во некои области, не е невообичаено да видите рој од пеперутки како стои на земјата и вшмукува од калта. Оваа пракса е позната како “тркалање во кал”. Научниците веруваат дека одредени видови на пеперутки ова го прават со цел да ја надоместат количината на соли, азот, протеини и аминокиселини во нивниот организам.
Солзи и пот
Ако пеперутка ви застане на рака, немојте да мислите дека и се допаѓате. Таа не е тука заради пријателство и дружење, туку поради вашата пот, а можеби е заинтересирана за вашите солзи. Имено, во 2014 година, набљудувана е пеперутка која пие солзи од желка.
Урина
Пеперутките обожаваат урина – “факт за кои зборуваат колекционерите”, велат авторите на прирачникот Watchtower Butterfly. Некои видови на пеперутки дури ги конзумираат и своите телесни течности.
Крв
Ако случајно се исечете, немојте да се зачудите доколку во околина се доближи пеперутка. Од перспектива на пеперутката, големите животни и луѓето се “големи ресторани”. Животните за нив се полни со сите видови на хранливи состојки со кои пеперутките со задоволство ќе се почестат доколку им се укаже можност.
Скапано месо
Распаднатото животинско месо е омилена храна на пеперутките, па затоа денес истражувачите прават замки за тропски пеперутки користејќи глави од ракчиња и парчиња од мртви змии. Многу важна е структурата бидејќи пеперутките немаат заби и можат само да лижат по скапаното месо.
Во соработка со: Е наука
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот