Вести
Од денес се реактивира зонскиот паркинг во Гостивар
Како што најавивме минатата недела, од денес повторно во функција е ставен зонскиот паркинг во Гостивар. Цените за сега, остануваат непроменети. Паркирањето чини 25 денари од час за централното градско подрачје и 10 денари од час за периферните улици.
Плаќањето на зонскиот паркинг се врши на три начини: со СМС пораки, билети кои се продаваат на одредени места или со месечни паркинг карти.
Од Јавното претпријатие за паркинзи и зеленило рекоа дека со оглед на повеќемесечниот прекин на зонскиот паркинг, во првичниот период од повторното воведување ќе имаат толеранција, но упатија апел до возачите да ги почитуваат правилата и да плаќаат при користење на паркинг местата. „Немаме цел да казнуваме, туку да ја подигнеме сообраќајната свеста кај граѓаните и да ги средиме гужвите кои се создаваат“, велат од ЈП.
Паркирањето ќе се наплатува од понеделник до сабота, и тоа од понеделник до петок од 7 до 21 часот, а во сабота од 7 до 14 часот. Во недела и државни празници, паркирањето нема да се наплатува.
За јавните превозници, такси возилата и комбињата останува досегашната практика, и тие нема да плаќаат за паркинг, односно го покриваат трошокот со добивање на лиценца за вршење јавен превоз .
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ