Вести
Што се случува во телото, ако после вечерата прошетаме само 15 минути
Стручњаците секогаш напоменуваат дека после јадење, никако не смее да се легне. Најдобро е после оброкот, да излеземе на кратка прошетка, а пешачењето посебно ќе биде корисно после вечерата.
Веќе долго време слушаме дека прошетката после јадење е најдобрата работа што можете да ја направите за вашето здравје, но понекогаш ни се чини неизводливо, бидејќи наутро брзаме за на работа, а во време на паузата за ручек не одвојуваме време да прошетаме. Културата на прошетка после јадење е особено позната кај Италијанците, кои веќе со векови се запознати со позитивните аспекти на прошетката, како и колку добро таа влијае на здравјето и дигестивноста.
Една студија покажала дека прошетката после јадењето е корисна и за спречување на дијабетесот од тип два. Во студијата учествувале постари луѓе кои после јадењето 15 минути оделе по лента за движење, што влијаело со намалување на осцилациите на шеќерот во крвта, во наредните часови. Понатаму, истражувањето открило дека овие кратки прошетки после вечера, се покорисни за намалување на нивото на шеќерот во крвта, отколку 45 минутна прошетка во попладневните часови. Ова сознание секако оди во прилог на многумина, кои во текот на денот не стигнуваат да прошетаат после јадењето бидејќи навечер е многу полесно да се најде време.
Многу луѓе, најголемиот оброк во денот го јадат навечер, а после тоа седнуваат или легнуваат. Резултат на тоа ќе биде покачување на гликозата во крвта, која може да трае со часови, напомнува раководителот на студијата Лорета Дипиетро, професор по наука на вежбањето на универзитетот Џорџ Вашингтон, институтот Милкен ( School of public health).
А, што се случува во телото кога ќе прошетаме после јадење?
Мускулите кои ги користиме за одење, користат гликоза за енергија на начин што ја „извлекува“ од циркулацијата и со тоа ја намалува количината на гликоза, што останува во крвта. Значи, најдоброто нешто што можете да го направите после вечера е да станете од столот и да се движите, вели Андрју Рејнолдс од универзитетот Отаго во Нов Зеланд.
Со понатамошно набљудување утврдено е дека прошетката после јадење е многу поефикасна од прошетката пред јадење, кога се зборува за одржувањето нормална количина на шеќер во крвта. Понатамошните истражувања, покажале дека одењето го забрзува времето потребно за храната од желудникот да дојде до тенкото црево што може да го продолжи чувството на ситост после јадењето.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ