Вести
Фрчат казни за брзо возење по патиштата во Гостивар
Во контрола која полицијата ја спровела на гостиварското подрачје вчера (4 ноември) биле откриени 29 возачи кои возеле со поголема брзина од дозволената. Сите биле регистрирани надвор од населено место, a 3 возачи ја пречекориле брзината за над 70 километри на час.
СВР Тетово соопшти дека прекршоците биле санкционирани со 27 мандатни платни налози и 2 писмени опомени. Казната за пребрзо возење се движи од 45 до 400 евра, со тоа што на оние кои ја пречекориле брзината за повеќе од 30 во населено место и за повеќе од 50 километри на час надвор од населено место, им се изречува и времена мерка-одземање на возачката дозвола од три месеци до една година.
Акцијата била реализирана во периодот од 12 до 18 часот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!