Поврзи се со нас

Македонија

Одбележан Денот на македонската полиција, 7-ми мај

Објавено

на

    Во скопската општина Аеродром денеска се одржа централната прослава за одбележување на Денот на македонската полиција  7-ми Мај, со обраќања на раководството во МВР, како и изложба и презентација на опрема на различни полициски единици.

    На настанот присутвуваа  министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев. И двајцата изнесоа свои видувања за условите за работа на полицијата и предизвиците на професија, упатувајќи честитки до вработените и нивната посветеност на работата.

    Тошковски рече дека кога дошол на позицијата министер се соочил со недостоинствени услови за работа на полицијата, но и неизмерна желба за професионално и чесно вршење на должноста полицаец.

    „Краток период, но и повеќе од доволен сум во институцијата за да увидам дека има луѓе кои работат за доброто на татковината. Токму затоа во очи на престојните избори можам да кажам само едно големо благодарам на службениците кои на каков било начин беа вклучени во изборниот процес. Исто така, во овие 100 дена имав можност непосредно и конкретно да се уверам не само во обемот во одговорноста и во важноста на полициската работа туку и генерално во севкупната повеќеслојно значење на оваа институција“, истакна Тошковски.

    Бојмацалиев, пак, во обраќање посочи дека изминатиот период институцијата МВР од затворена и нетранспарентна прераснала во најтранспарентна.

    „Изминатиот период беше вложено посветеност, знаење, труд, кадровска и техничка надградба. Се ова го направивме како во насока на континуирано следење на трендовите во полициското работење, така и во насока на максимална ефективност и ефикасност во функционирањето на сложениот безбедносен систем. Современото демократско општество е подложно на динамични континуирани промени и прилагодувања во обид да биде во чекор со современите текови, така и полициската професија секојдневно е соочена со безброј предизвици, кои се трансформираат надградуваат соочувајќи не со потреба од нови и креативни решенија“, изјави Бојмацалиев.

    На одбележувањето на Денот на македонската полиција присуствуваа и претставници на дипломатскиот кор во државава.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Светпред 5 часа

    „Ова е само почеток, уште ништо не сте виделе“ рече Трамп, на одбележувањто 100 дена од својот втор мандат

    Гостиварпред 6 часа

    Екипи од медицинско и „Мустафа К. Ататурк“ со први места на натпреварот по прва помош во Гостивар

    Гостиварпред 7 часа

    Ревизија на ДЗР на Основниот суд во Гостивар покажала системски слабости и неправилности

    Македонијапред 9 часа

    Почна тестирањето за вработување приватни специјализанти во Скопје, за Гостивар во понеделник

    Гостиварпред 12 часа

    Децата со посебни потреби почесни гости во Советот на Гостивар

    Вестипред 13 часа

    Општински натпревари по прва помош во Гостивар, учениците покажуваат знаења, вештини и хуманост

    Македонијапред 16 часа

    Истекува мерката за ограничување на маржите, ќе има ли поскапување на храната?

    Гостиварпред 1 ден

    Прекин на водата утре во Гостивар, објави вечерва Комуналец

    Гостиварпред 1 ден

    Се бара решение за големото свлечиште во Галичник

    Што, како, каде?!пред 4 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 3 недели

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 3 недели

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Магазинпред 3 недели

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Занимливостипред 4 недели

    Како да ги искористите силика гел пакетчињата во секојдневниот живот

    Културапред 4 недели

    Гостивар во чест на моќта и безграничноста на стиховите – Поетски настан за Денот на поезијата

    Светпред 2 недели

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Гостиварпред 3 недели

    Министерот за култура и туризам Љутков во работна посета на Гостивар

    Гостиварпред 3 недели

    Љутков: Повеќето културни установи во Гостивар без соодветни услови, ќе мора да се интервенира

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement
    Smartwatch

    Паметен часовник со USB

    ~611 ден
    Купи сега
    Полнач

    12V Батерија Полнач

    ~248 ден
    Купи сега
    Гланц крема

    Гланц крема за гума и браник

    ~146 ден
    Купи сега
    Држач

    Магнетен држач за телефон

    ~98 ден
    Купи сега
    Паста

    Паста за поправка на кожа

    ~125 ден
    Купи сега
    Слушалки

    Bluetooth слушалки

    ~260 ден
    Купи сега
    Selfie

    Селфи видео далечински

    ~173 ден
    Купи сега
    Лампа

    LED батериска лампа

    ~170 ден
    Купи сега
    Фустан

    Женски фустан

    ~489 ден
    Купи сега
    Дрон

    Дрон со далечинска контрола

    ~999 ден
    Купи сега
    Мемориска

    Micro SD мемориска картичка

    ~134 ден
    Купи сега
    Правосмукалка

    Правосмукалка за автомобил

    ~379 ден
    Купи сега
    Одвртувач

    Електричен одвртувач

    ~710 ден
    Купи сега

    Популарно изминативе 100 дена