Вести
Јавете се на министерот Адеми за проблеми со проектите од култура
Злоупотреби, манипулации, сугестии околу пријавени проекти на конкурсите за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2019 година, ќе може да се пријавуваат телефонски, дирекно кај министерот Асаф Адеми.
Од Министерството за култура тврдат дека никакви злоупотреби нема да се толерираат и ги информираа апликантите дека телефонскиот број 071 329 040 (и на whatsapp и viber) е специјално отворен само за реакции околу проектите.
„Почитувани културни работници, уметници, издавачки куќи, продукции, организации и други институции, кои сте се пријавиле на годишните конкурси, Ви се обраќам за да ви гарантирам дека при изборот на проектите нема да има никаква злоупотреба или манипулација. Затоа ве молам да бидете внимателни и да не станете жртви на манипулации. Доколку се најдете во таква ситуација, ве молиме да го контактирате директно министерот Асаф Адеми“, стои во објавата на Министерството за култура.
На годишните конкурси за култура стигнале околу 5.000 проекти, кои ќе ги разгледуваат девет посебни комисии, зависно од дејноста.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот