Вести
Дебатниот клуб од економското училиште во Гостивар со поддршка на кампањата против насилство врз жените
Поттикнати од актуелната светска кампања Шеснаесет дена борба против насилство врз жената, дебатниот клуб при Средното економско училиште во Гостивар, под менторство на професорката Габриела Петроска, организираа настан на тема „Да биле потпетиците добри, мажите се` уште би ги носеле”.
На дебатата се зборуваше за рамноправноста меѓу половите и семејното насилство во кое најчесто жртви се жените.
„Економската зависност од мажот, традицијата, општествените норми, образованието и други слични појави се главните причини кои ја сведуваат жената на ниво на жртва. Бројките од анкетите кои укажуваат на фактот дека секоја втора жена во земјава трпи психичко насилство се навистина аларматни. За оваа проблематика мора отворено и почесто да се зборува, затоа и ми причинува задоволство што учениците на ваков начин се приклучија кон кампањата.“, рече Себајете Зенку, м-р по родова еднаквост, која беше говорник на дебатата.
Средношколците своите ставови и мислења на темата ги искажаа и преку куса драмска изведба и порачаа дека не треба да се остане на зборови, туку да се преземат конкретни чекори за надминување на проблемите.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница