Вести
Гостиварската полиција предупредува – Од 200 до 500 евра за пукање петарди
Во пресрет на новогодишните празници, полицијата апелира до граѓаните да се воздржат од пукање со огнено оружје и употреба на петарди и други видови пиротехника.
„Употребата на петарди и пукањето со огнено оружје претставува законски прекршок и прекршителите ќе се соочат со соодветни пријави и глоба, која се движи од 200 до 500 евра. Покрај тоа, а зависно од другите околности и крајни последици, ваквото неодговорно однесување ќе биде и кривично санкционирано.“, предупредува СВР Тетово.
Надлежните укажуваат дека пукањето со огнено оружје и невнимателното користење на пиротехника, особено поголеми патарди и огномети, пред се од малолетници, лесно може да ја доведе во прашање, не само нивната лична, туку и безбедноста на другите граѓани.
Полицијата со совети и до возачите: докрај да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол и задолжително да поседуваат зимска опрема, особено ако патуваат кон Попова Шапка, Стража и Маврово.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок