Поврзи се со нас

Вести

Повторно „повлечи-потегни“ со буџетот – Прекината седницата на гостиварскиот Совет

Објавено

на

На една недела пред почетокот на новата година, општина Гостивар се` уште нема буџет за 2019. Денешната седница на Советот на општината, на која се разгледуваше предлог-буџетот беше прекината.

Претседателот на Советот, Насир Муслиу образложи дека во консултација со советничките групи и градоначалникот Таравари, по паузата која беше дадена, одлучиле расправата за буџетот да продолжи друг ден, откако ќе се анализираат предлозите кои претходно дојдоа од советниците.

Предлозите кои дојдоа од советничката група на ДУИ се однесуваа на кратење на средствата за привремени вработувања и нивно пренасочување за одредени инфраструктурни инвестиции, изградба на канализации, улици и слично.

Од општинското одделение за буџет пак, објаснија дека годинава Министерството за финансии ги лимитирало општините во однос на определувањето на капиталните инвестиции и тие мора да се држат до законските одредби.

„Не можеме да планираме колку што ние мислиме дека ќе реализираме, туку определен е конкретен процент, зависно реализацијата на буџетот во претходните три години. Значи она што е реализирано претходните години и плус 10%, кај приходите и расходите.“, рече Садри Елези од Секторот за буџет.

Предлог буџетот на општина Гостивар е проектиран на околу 17 милиони евра. Според законските регулативи, Советот треба да го изгласа најдоцна на 31 декември годинава. Неизвесно е дали ќе се повтори сликата од лани, кога Гостивар три месеци беше на мерка времено финансирање, поради недонесување на буџетот како резултат на политички судири меѓу локалната власт на чело со Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и мнозинството во Советот, кое е во рацете на ДУИ и СДСМ.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена