Вести
Камион за отпад, турска донација за Комуналец-Гостивар
Јавното претпријатие “Комуналец” се поднови со камион за собирање отпад. Возилото го доби како донација од Унијата на турски општини, чии претставници без во посета на општина Гостивар за да извршат примо-предавање.
“Искрено и благодарам на Унијата на турски општини, бидејќи од кога сум јас градоначалник сме имале неколку донации од Република Турција – две возила на итна помош од типот Мерцедес, сега ни стигна новиот камион за собирање и превезување на отпад од типот Ивеко, а се надеваме дека во мај ќе примиме уште еден поголем камион. Многу брзо, можеби во јануари, како донација од Турција ќе изградиме голема игротека во дел од градскиот парк”, рече градоначалникот Арбен Таравари.
Вршителот на должноста генерален секретар на Унијата на турски општини, Ахмет Казан изјави дека идејата за оваа донација доаѓа по консултација со градоначалникот, кој ја нагласил потребата за камион за собирање отпад.
“Ние како Сојуз на турски општини се обидовме да одговориме на ова барање што е можно побрзо. Оваа донација е во рамките на годишната програма на ниво на Балканот. Ние како народ имаме тесна врска со населението во Гостивар, па се надеваме дека добрите односи меѓу нас ќе продолжат и во иднина “, истакна Казан.
Директорот на ЈП “Комуналец” Исак Лазами, рече дека оваа донација ќе влијае во подобрувањето на квалитетот на услугите, нагласувајќи дека ќе продолжат напорите за обезбедување на други камиони, кои ќе бидат ставени во функција на собирање и превезување на отпад.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот