Вести
Виенскиот концерт – традиционален совршен почеток на секоја нова година
Традиционалниот Новогодишен концерт кој се одржува секоја година на 1 јануари, во концертната сала Мусиквереин во Виена е престижен светски настан, кој се следи низ целиот свет.
Почетоците на традиционалниот концерт му припаѓаат на мрачниот период на австриската историја и самиот оркестар. Првиот Новогодишен концерт на Виенската филхармонија е одржан помеѓу диктатурата и војната на 31 декември 1939 година. Целиот приход од концертот е дониран на династијата Штраус, под водство на Клеменс Краус целосно посветена на националистичката социјалистичка донаторска акција „Krigsvinterhilfsverk“. Од тогаш до денес се одржува непрекинато, дури и за време на втората светска војна, но во тој период се искористувал за цели на нацистичка пропаганда на “Големото германско радио”.
Најчесто на концертот се изведуваат дванаест дела, во чест на династијата Штраус, со една пауза на половина од програмата. До 1990 година, концертот имал само еден дел, со почеток во 12:15 часот и траел до 13:30, а од 1991 година има два дела, од кои првиот дел започнува во 11:15 часот и трае до 11:50, кога има пауза која трае до 12:15 часот. Тогаш почнува вториот дел, кој е нешто продолжен и трае до 13:40 часот, со што целото траење на концертот изнесува околу два и пол часа.
Новогодишниот виенски концерт се изведува три пати секоја година. На 30 декември како предизведба наменет за припадниците на австриската војска, 31 декември како вечерен концерт и најпосле на 1 јануари како Новогодишен концерт.
Поради огромниот интерес за Новогодишниот концерт влезниците се продаваат на тој начин што купувачите се избираат преку интернет лотарија. Сите љубители на овој концерт од цел свет имаат можност да бидат извлечени. Се аплицира една година однапред, пример среќниците кои ќе го следат концерот на 1 јануари 2019 аплицирале од 2 јануари до 29 фервруари 2018. Истото ќе важи и за концертот во 2020.
Цената на билетите се движи до илјадници евра. Официјалната програма секогаш се следи со ритуален додаток од три бисови. Првиот бис е брза полка по избор на диригентот. Вториот бис е познатиот валцер ‘На убавиот син Дунав’ дело на синот на Јохан Штраус каде секогаш првите неколку такта публиката ги прекинува со аплауз. Новогодишниот концерт се завршува со “Радецки марш”, дело на таткото на Јохан Штраус исклучително познато, брзо и весело дело во тек на кое диригентот во даден момент диригира и на публиката да ги поддржат со ритмично ракоплескање.
“Радецки марш”
Радецки марш е посветен на австрискиот федмаршал Јозеф Радецки, познат по бруталното гушење на востанието во Северна Италија. Поради тоа што федмаршалот во една ситуација одлучил да не го погуби синот, таткото Штраус како израз на благодарност му го посветил овој марш.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар