Вести
Гостивар живее за кошарката – „Младост“ скоро распродаденa за вечерашниот дуел со МЗТ Скопје
Денеска во спортската сала Младост „бело-сините“ го пречекуваат МЗТ Скопје, дерби на 15.коло во Првата Македонска кошаркарска лига.
Еуфоријата која владее во Гостивар поради кошарката, кулминира последниве денови. Се бара влезница повеќе, од КК Гостивар велат дека ваква побарувачка за влезници немало подолго време, поголем дел од капацитетот на „Младост“ е распродаден изминативе денови, како се приближува натпреварот така „паниката“ за влезници е поголема.
Но, ништо од ова не е случајно гостиварската публика добро ја познава кошарката и ја препознаваат моќта на оваа екипа, дека може да се надигрува со секого, посебно пред домашна публика.
Доаѓањето на Бојан Трајковски си го направи своето, максимално ја догреа веќе жешката атмосфера. Сите му посакуваат добри партии во дресот на Гостивар, а деби со победа вечерва против неговиот поранешен клуб МЗТ Скопје, би било совршена увертира на неговата кариера во гостиварскиот клуб.
Поддршката од трибините на овој меч на “бело-сините” им е повеќе од потребна. Кошаркарите, тренерот, управата ги повикуваат сите љубители на кошарката од Гостивар, да дадат максимална поддршка на овој натпревар.
Натпреварот започнува ов 17.30 часот.
(поради големиот интерес за натпреварот и дополнителните контроли на влез, КК Гостивар ве замолува да пристигнете барем 15 минути порано од планираното време)
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот