Вести
Македонија со четворица скијачи на Светскиот куп
Започна најважното ски натпреварување, ФИС Светскиот алпски куп кој се одржува во ски центарот Оре во Шведска.
Смотрата на најдобрите светски скијачи се одржува секоја непарна година, годинешното 45. издание на ФИС Светското првенство во алпско скијање започна на 5 и ќе трае до 17 февруари. Натпреварувањето го организира Интернационалната скијачка федерација, уште од 1931 година.
Официјалните претставници на македонската алпска репрезентација се веќе во Шведска, додека натпреварувачите ќе им се придружат во понеделник. Македонската ски селекција на ова првенство ќе настапи со четворица скијачи кои ќе се натпреваруваат во дисциплините велеслалом и слалом. Антонио Ристески, Дардан Дехари, Лука Божиноски и најмладиот помеѓу нив гостиварецот, Виктор Петков (19) се четворката која ќе ги брани боите на нашата селекција. Селектор е Никола Панчевски.
„Во ваква конкуренција секоја квалификација на главните трки е голем успех. Голема благодарност на општина Гостивар за поддршката која ни ја даваат, за поголема афирмација и претставување на овој спорт. Очекуваме добри резултати во Шведска, по завршувањето на светскиот куп, следна цел ни се Олимписките игри во Кина“, велат од тимот на Виктор Петков.
Нашите скијачи премиерата ќе ја имаат на 13 февруари, кога се квалификациските трки за велеслалом, а главната трка е утредента. На 15 февруари ќе се одржат квалификациите за слаломската трка, која ќе се одржи на 17 февруари во недела.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот