Поврзи се со нас

Македонија

Забрана за увоз на мандарини од Турција во Р.Српска – Според АХВ нема небезбедни мандарини на македонскиот пазар

Објавено

на

Надлежните инспекциски служби на Република Српска донесоа забрана за увоз на над 10.000 килограми мандари со потекло од Турција, за кои се утврдило дека имаат зголемено присуство на пестициди. Во анализираните примероци од мандарина утврдено било присуство на пестицидот фенвалерат над пропишаните вредности.

Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека на македоснкиот пазар нема небезбедни мандарини. „АХВ досега нема добиено нотификација дека на пазарот на нашата земја се пласирани небезбедни мандарини, вклучително и мандарини кои се увезуваат од Република Турција. Инспекциските служби вршат континуирани контроли и на пратките со цитрусно овошје кои се увезуваат во земјава, вклучително и на увозот на мандарини од Република Турција. Во рамки на контролите при увоз и на овој тип овошје, по потреба, се земаат мостри за лабораториско испитување, вклучително и за евентуално утврдување на присуство на пестицидот поради кој била изречена забраната за увоз на мандарини по потекло од Република Турција во Република Српска. Пратки со посоченото цитрусно овошје од Турција во земјава, лабораториски се тестирани во месец декември 2018 година, а во фаза на лабораториско тестирање се и мострите кои инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство ги земаа овој месец. Во испитаните мостри во декември 2018 година, не се утврдени отстапувања во поглед на безбедносните критериуми за цитрусното овошје. Досегашните, со години извршени испитувања на безбедноста на цитрусното овошје, покажуваат резултати во граници на дозволеното, поради што не се изречени ниту забрани за увоз.“, соопшти Агенцијата.

Минатата година во земјава биле увезени повеќе од 8.6 милиони килограми мандарини, најмногу од Турција и соседна Грција.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Магазинпред 8 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 10 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 13 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 14 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 17 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 18 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 19 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 20 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 21 час

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена