Поврзи се со нас

Вести

Започнува пролетниот дел од 2МФЛ – ФК ГОСТИВАР

Објавено

на

Викендов, после три месечна пауза започнува вториот или пролетниот дел од Втората Македонска фудбалска лига – Запад. Гостиварските екипи ФК Гостивар и Генч Калемлер имаа запазена улога во есенскиот дел од сезоната. Веќе во вториот дел, нема простор за калкулации, пред почетокот на првенството двата клуба излегоа со различни амбиции, ФК Гостивар нишанеше на директен пласман во Првата лига, ФК Генч Калемлер да заврши што повисоко во средината на табелата. Дали ќе се остварат амбициите на второлигашите, останува до го дочекаме крајот на сезоната.

ФК Гостивар, ја заврши полусезоната на 5-тото место на табелата со 19 бодови. Од 14 одиграни натпревари имаат скор од 6 победи, 1 нерешен натпревар и 7 порази. Лидерот на табелата има 9 бодови повеќе, односно 8 бодови од местото кое носи плеј-оф за влез во Првата лига.

Ерџан Менга ја искористи зимската пауза за дополнително воиугрување на екипата, припремите ги одработија во Гостивар и имаа неколку подготвителни тест натпревари со Шкендија, Ренова, Победа, Скопје  Саса и Кораб. Има промени и во играчкиот кадар на ФК Гостивар, клубот го напуштија двајцата голмани Артан Иљази и Осман Даци, заминаа уште и Ерсин Фетаи, Ваљон Зеќири, Фати Исмаили, Дејан Велевски, Стефан Лазаревиќ и Флорент Османи.

Како појачување во тимот дојдоа: Ферат Рахмани (голман), Јасир Селмани, Јилбер Алили, Башким Лама, Кристијан Ристовски, Руштем Рамадани, Елвир Беќири и Иљас Чилафи. Со костурот на тимот од есенскиот дел, поддржани со новите фудбалери, ФК Гостивар ќе се бори за место кое води во 1МФЛ.

ФК Гостивар го отвара вториот дел со натпреварот со Тетекс. Полошкото дерби ќе се одигра во сабота од 14.30 часот во Тетово.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 11 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 13 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 15 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 18 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 19 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 20 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 22 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 22 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена