Поврзи се со нас

Култура

Изложба на Елизабета Наумческа – Бројна публика, воодушевувања и силни емоции

Објавено

на

Ликовните дела на уметницата Елизабета Наумческа ги собраа вчеравечер гостиварци на едно место, во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар, кадешто беше отворена нејзината самостојна изложба.

Беа изложени 24 слики, во два циклуса – мртва природа и портрети.

„Портетот или личноста е она што во секодјневието претрпува разни емоции од сето она што се случува околу нас, а тоа се забележува и во самите дела. Мртвата природа се дела со мотиви од народното творештво, кое секако никогаш не треба да се заборави и мора да се негува, но да се даде во некој поинаков момент, во посовремено живеење“, рече Наумческа на отворањето, која се заблагодари на големата посетеност нагласувајќи дека секогаш публиката е таа што го мотивира уметникот и го тера да создава.

За делата и творештвото на авторката, на свеченото отворање зборуваше професорот Решат Амети. „Првото нешто што секој ќе го забележи кај делата на Елизабета е тоа дека тие не „печат“ во око, туку напротив привлекуваат како некоја визуелна гравитациона сила. Нејзиното севкупно творештво е прекрасна уметност, која секако може и понатаму да се развива. Елизабета била честопати учесник на ликовната колонија во Гостивар и колегите првенствено се воодушевуваат на нејзиниот карактер и обично важи дека не може некој да биде добар уметник, без да е добар човек“, истакна Амети.

Елизабета Наумческа е родена 1973 година во Гостивар. Дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, отсек сликарство, во класата на проф. Родољуб Анастасов. Остварила две самостојни изложби и учесник е на повеќе колективни изложувања во земјава и странство. Десетина години поактивно е посветена на црковното сликарство и изработува дела со религиозна тематика. Работи како ликовен педагог во Гостивар.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Магазинпред 3 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 5 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 9 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 10 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 13 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 13 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 14 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 16 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 16 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена