Гостивар
Шеесетина пензионери од Гостивар на бесплатна бања
Министерството за труд и социјала го објави списокот на пензионери кои ќе отпатуваат на бесплатна бања во март и април, во рамки на проектот за бесплатна бањско-климатска рекреација за пензионери. Од Гостивар и гостиварско на листата има 60-тина пензионери. Како и во претходните години поради близината, за гостиварските пензионери е определено да ја посетат Дебарска бања.
Првата смена заминува на 28 март, додека втората на 3 април.
Со проектот за бањско – климатска рекреација пензионерите добиваат шест полни пансиони, а за време на престојот задолжително имаат и лекарски преглед. Исто така обезбедени се и средства за превоз до бањата.
Бесплатната бањско-климатска рекреација се реализира девета година по ред.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!