Поврзи се со нас

Гостивар

Апел до моторџиите во Гостивар да возат според прописите

Објавено

на

Затоплувањето на времето очекувано го зголемува бројот на мотоциклисти и велосипедисти во сообраќајот. Периодов се почесто можат да се сретнат по улиците и патиштата во Гостивар и гостиварско. Прашањето е колку ги почитуваат законските правила и прописи?

Секторот за внатрешни работи Тетово најави дека ќе ги интензивира контролните активности, во чие средиште ќе бидат овие учесници во сообраќајот. Од таму апелираа  до мотоциклистите да не управуваат без соодветна возачка дозвола, технички неисправни, мотоцикли со истечена регистрација или воопшто нерегистрирани.

„Им се советува, исто така, задолжително да ја користат законски предвидената заштитна опрема и пред се кациги, односно шлемови на главите, но и да ја прилагодат брзината според условите на патот. Во спротивно, сите недостатоци, односно прекршоци адекватно ќе се санкционираат, а мотоциклистите веднаш ќе се исклучуваат од сообраќај. Глобите за непочитување на овие апели и препораки се движат од 50 до 500 евра во денарска противвредност, зависно од видот на прекршокот.“, соопшти полицијата.

Пред неколку дена, млад гостиварец загина во несреќа на патот Равен-Вруток, управувајќи мотоцикл.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена