Гостивар
Полицајците ќе ги учат дечињата во гостиварските градинки за правилата во сообраќајот

Секторот за внатрешни работи ќе започне со реализација на превентивно-едукативен проект, насловен „Чекор по чекор“, чиј носител е Отсекот за превенција, во соработка со гостиварската и тетовската локална самоуправа.
Како што информираат од полицијата, проектот стартува во понеделник во детската градинка „Пролет“ во Гостивар. Предвидена е полчасовна презентација, со слики и игри, на сообраќајни знаци, пешачки премини и крстосници. „Стручно обучени полициски службеници, со користење на аудио и видео средства и методи, ќе ги запознаат најмладите-што претставуваат сообраќајните знаци и како најбезбедно да ги преминуваат улиците.“, соопшти СВР.
Втората фаза од проектот планирана е во Тетово и ќе стартува на 8-ми април, додека целиот проект предвидено е да заврши до втората половина на идниот месец.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден