Гостивар
Средба на гостиварската општинска власт, еколозите и Вардар Доломит
На иницијатива на еколозите, локалната самоуправа на Гостивар наредниот период ќе оди во посета на фабрики и фирми со цел да се разговара околу состојбите со загадувањето на воздухот, преземање на заштитни мерки и почитувањето на еко стандардите.
За да се контролира аерозагадувањето, неопходно е да се изработи Регистар на загадувачи, порача Ахмет Салмани, претседател на здружението ЕкоГв.
„Гостивар не е индустриски град, а имаме многу загаден воздух. Кога се вршат инспекции, Министерството за екологија вели фирмите со А еколошка лиценца се уредни, не загадуваат. Истото го велат и општинските инспектори, за фирмите за кои тие се надлежни да вршат инспекции. А проблемот реално постои, воздухот е загаден. Еден од главните проблеми е што немаме Регистар на загадувачи. Тоа е нешто што општината мора да го сработи, да знаеме кои се изворите на загадување, со што се загадува и во тој регистар ќе стои и кои се ефектите на супстанците со кои се загадува воздухот загадувачи“, рече Салмани
Серијата посети, започна од компанијата Вардар Доломит, една од неколкуте на гостиварското подрачје, која има А интегрирана еколошка дозвола.
Од компанијата, која дневно троши по еден тон мазут, рекоа дека работат според прописите и стандардите и дека се подготвени кога ќе се гасифицира градот, да го заменат мазутот со гас.
„Редовно вршиме мониторинг, ги имаме соодветните филтри и ги исполнуваме сите параметри. За тоа што користиме мазут, се надеваме дека во што поскоро време ќе има гасификација и подготвени сме први ние да ги внесеме гасот како реагенс за согорување“, изјави Ремзи Абдулаи, директор на компанијата.
Градоначалникот Арбен Таравари рече дека општината веќе започнала со изработка на идејниот проект за гасификација. „Како локалана самоуправа сакаме да помогнеме за побрзо гасифицирање, и на пример за една до две години да се почне со прва фаза во која ќе бидат опфатени фабриките, училиштата и болницата, кои како енергенс користат мазут.“, рече градоначалникот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!