Поврзи се со нас

Занимливости

Јапонците се несреќни заради 10 споени неработни денови

Објавено

на

Додека во нашата земја, едвај се чека продолжен викенд и спојување со празници, во Јапонија скоро половина од вработените се чувствуваат мизерно, заради десетте споени неработни денови, кои ќе ги имаат во чест на доаѓањето на новиот цар.

Во Јапонија неработни ќе бидат деновите од 27 април до 6 мај, кога ќе се случуваат церемониите по повод абдицирањето на царот Акихито, и преземање на престолот на неговиот најстар син Нарухито.

Оваа вест ги вознемери зависниците од работа, работниците кои добиваат плата од сработен час, како и родителите во услужниот сектор (за кои не важат неработните денови), бидејќи не можат да ги остават децата во градинките.

Резултатите од анкетите покажале дека 45% од Јапонците се чувствуваат несреќно заради овој 10 дневен одмор и го сметаат за тежина. Просечен Јапонец користи само 10 слободни дена од годишниот одмор, иако им следуваат по 20.

Околу 60% од Јапонците се чувствуваат виновно кога користат платен годишен одмор.

Неодамна во Јапонија беше усвоен закон со кој се ограничува работното време, поради зголемениот број на смртни случаи последица на прекувремена работа, или како што ја нарекуваат Јапонците „кароши“

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена