Поврзи се со нас

Занимливости

Светски ден на книгата – Зошто треба да читате книги?

Објавено

на

Денешниот датум, 23 април е прогласен за Светски ден на книгата и авторското право. Традиционално, се упатуваат пораки за важноста од читањето книги и заштитата на авторските права. Светската порака годинава ја напиша генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле, додека македонската порака ја напиша режисерот Милчо Манчевски.

„Книгите ми помогнаа да си ја повратам рамнотежата и да си го најдам местото во светот. Не е важна само информацијата што ја добиваме од книгите – иако информацијата која се пренесува од колено на колено е она што ја прави цивилизацијата цивилизација. Важно е чувството што книгата ќе ти го донесе во срцето. Чувството на припаѓање. Припаѓање на свет кој е исто толку богат и важен колку оној во кој престојуваат твоите крв и месо. И открив дека тоа припаѓање беше клучно за мојот опстанок тогаш. И откривам дека е клучно за мојот опстанок сега.“, пишува Манчевски.

Во духот на денот ве потсетуваме и поттикнуваме да издвоите дел од вашето време за другарување со книгата. Читањето нè збогатува, нè опушта, ни го развива умот…Кои се предностите од читање книги?

Поинаква перспектива

Честопати на нештата гледаме само од наш агол, што секако е многу погрешно. Читањето ќе ви помогне да ги проширите видиците, преку книгите ќе се запознаете со други култури и религии, поинаков начин на живот и многу други нешта. Не само што ќе стекнете нови знаења и подобро ќе го разберете светот, преку читањето нештата ќе ги гледате од малку поинаква перспектива и ќе научите да се соживувате со другите и да ги почитувате различностите.

Побрзо читање – поразвиен ум

Колку повеќе читате, толку се зголемува и вашата брзина на читање. Можеби брзината не ви изгледа толку важна бидејќи читањето не е трка, но дали знаете дека брзината на читање е поврзана со брзината со која работи мозокот?
Колку побрзо читате, толку повеќе читањето ја подобрува работата на вашиот мозок и тој побрзо ги прима и обработува податоците.

Способност за пишување

Луѓето кои често читаат книги имаат добра способност за пишување, а со тек на време таа способност уште повеќе се зголемува, па може да создадат прекрасни текстови, приказни или статии, да создадат нешто оригинално и свое или да дадат свој коментар на нечии пишани зборови.
Можеби во моментот не ви изгледа важно, но никогаш не знаете каде ќе ве одведе животот и кога од вас ќе побараат нешто да напишете.

Нови идеи

Книгите се чудесни нешта кои ќе ве одведат на места за кои не сте ни знаеле дека постојат. Секоја нова страница може да биде искра која кај вас ќе се претвори во идеја. Дури и да не се реализираат вашите идеи, вашиот ум се развива во секој случај.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена