Вести
Родители во Њујорк организираат „морбили забави“ за да си ги заразат децата со мали сипаници
Њујорк се соочува со една од најголемите епидемии на мали сипаници, поради што во еден округ од оваа американска држава беше прогласена и вонредна состојба. На малолетниците кои не се вакцинирани против морбили им е забранет пристап на јавни места, не смеат да одат во училиште, во трговски центри, на концерти…Во меѓувреме се спроведува вонредна вакцинација со МРП (морбили, рубеола, заушки). Казната за оние кои нема да се вакцинираат според препораките изнесува 1.000 долари.
Додека властите преземаат низа мерки да го спречат ширењето на малите сипаници, антиваксерите одат во крајност. Американските медиуми пишуваат дека родители кои ги поддржуваат антивакциналните кампањи организираат „морбили забави“ на кои ги носат своите невакцинирани деца да се дружат со веќе заболени врсници и намерно ги изложуваат на вирусот за да се заразат.
Лекарите сметаат дека бројката на родители во Њујорк кои се спротивставуваат на вакцинирањето станува загрижувачка. За сега обидите да ги разубедат дека МРП вакцината е единствениот начин за заштита од зараза и дека малите сипаници можат да бидат многу опасни по здравјето на детето, остануваат залудни.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ