Занимливости
Зошто се верува дека детелината со 4 листа носи среќа?
Нема човек кој барем еднаш во детството шетајќи во природа, не се пуштил во потрага по детелина со четири листа. Верувањето дека токму четирилисната детелина е таа која носи среќа, датира од многу одамна и како такво се пренесува на генерациите.
Детелината со четири листа е резултат на генетска мутација која се јавува кај некои врсти на оваа билка. Сепак, точната причина зошто и под кои услови настанува, се уште не е утврдена. Како и да е, луѓето веруваат дека ќе ги следи среќа и ќе им се случуваат убави нешта во животот, доколку во поле полно со „обични“ детелинки ќе успеат да ја пронајдат таа ретката, со 4 листа.
Од каде и од кога потекнува ова верување?
Според една од легендите, распространета кај Германците, четирилисната детелинка се користела за отстранување на лоши магии, имала моќ и енергија да привлекува светли сили и да го расчистува злото.
Друга легенда е врзана со христијанската вера и кажува дека Ева (првата жена според Библијата) со себе носела детелина со четири листа кога го напуштила рајот.
Некои древни народи ја користеле четирилисната детелина за ориентација, сметајќи дека едната линија ги покажува страните каде Сонцето изгрева и заоѓа, а другата правците, север и југ. Затоа што им ги покажувала страните на светот, ја сметале за среќна.
Според едно старо верување кое со генерации и генерации е пренесувано, секој од четирите листа има свое посебно значење и тие ги симболизираат Вербата, Надежта, Љубовта и Среќата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот