Македонија
УЈП електронски ги испраќа даночните пријави, граѓаните со рок до 31 мај да ги поправаат или потврдат
Управата за јавни приходи (УЈП) ги информираше граѓаните дека во тек е електронското доставување на пополнетите годишни даночни пријави за утврдување персонален данок на доход за 2018 година.
Лицата кои се регистрирани на системот „Е-персонален данок“ увид во даночните пријави може да извршат преку своите кориснички профили. Крајниот рок за доставување на претпополнета Годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок на доход за 2018 година од страна на Управата за јавни приходи до граѓаните е 30 април.
Граѓаните имаат можност, најдоцна до 31 мај да ја потврдат или коригираат претпополнетата годишна даночна пријава.
Според информациите од УЈП, пријави до сега биле испратени до околу 630 илјади граѓани, а до крајот на рокот пријави треба да добијат уште околу 80 илјади.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот