Гостивар
Подготвена Програма за проблемот со кучињата скитници во Гостивар – проценка дека ги има околу 350
Локалната самоуправа изготви Програма за проблемот со кучињата скитници на гостиварското подрачје. Документот произлегува како обврска од Законот за заштита и благосостојба на животните, а е поврзан со зголеменото присуство на кучиња скитници и потребата за контрола на нивниот број.
Од Општината проценуваат дека во градското подрачје и приградските населби на Гостивар има околу 350 бездомни кучиња. Со Програмата се предвидува заловување и третирање на сите кучиња скитници до крајот на годината, во неколку организирани акции и по потреба во случај на пријава од граѓани за агресивни кучиња скитници.
„Активностите за заловување ќе се спроведуваат во две фази и тоа како дневни во кои ќе се извршуваат редовни увиди и контроли за евидентирање и пратење на опфатот на движење на кучиња скитници и ноќни активности кои ќе се спроведуваат во доцните ноќни часови, односно пред се во раните утрински часови кога ќе се спроведува заловување на кучињата скитници. Во Општина Гостивар има стационар така да потребните услуги за третирање на кучиња скитници ќе се спроведуваат во ова прифатилиште.“, се наведува во Програмата.
Општината ќе води и кампања за вдомување на животните.
Финансирањето ќе се врши од средствата предвидени во буџетот во висина од 2 милиони денари.
Програмата ќе се најде на дневен ред на следната седница на Советот на Општина Гостивар, која е закажана за 14 мај, вторник.
Изминатиот период зачестија нападите од кучиња скитници во Гостивар. Имаше случај кога во еден ден во градскиот парк беа нападнати и каснати пет граѓани.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот