Македонија
Почесен круг за загинатите бранители: 150 велисипедисти ќе возат од Куманово до Гостивар
По повод годишнината од трагичните настани во кумановско “Диво насеље“, утре (11 мај) ќе се одржи традиционалната меморијална велосипедска тура “Почесен круг со велосипеди во чест на загинатите припадници на МВР“, на релација Куманово-Гостивар. Како што информираат од Министерството, учество ќе земат околу 150 велосипедисти.
Турата ќе започне во 7 часот со старт од бензинската пумпа на “Макпетрол“ на влезот во Куманово и ќе продолжи по автопатот до Скопје, потоа низ градот Скопје и тоа до гробиштата во Студеничани, “Камник“, Стајковци, гробиштата “Бутел“, касарна “Илинден“ и “Ѓорче Петров“, од каде ќе продолжи по автопатот до Тетово – градски гробишта, Брвеница“, во продолжение по автопатот до Зубовце и ќе заврши на гробиштата во Гостивар.
Велосипедската тура ќе се одвива во услови на редовен сообраќај, со движење по десната страна на коловозот во правец на движење и пропуштање на учесниците во истата од страна на сообраќајната полиција на семафоризирани и пофрекфрентни крстосници.
Со цел непречено одвивање на најавениот настан, МВР работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се одвива велосипедската тура.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!