Вести
КК Работнички и КК Гостивар ќе се сретнат денеска од 17:30 во Куманово
На три кола пред крајот на Супер лигата, екипата на КК Гостивар денеска ќе се сретне со шампионот Работнички.
Ова ќе биде четврта меѓусебна пресметка на овие две екипи сезонава. Работнички има две победи, Гостивар една. Поради суспензија на салата Градски парк во Скопје, тимот на Марин Докузовски домашните натпревари ги играше во Гостивар, но за овој дуел шампионот одлучи натпреварот да се игра во Куманово.
Домаќините се наоѓаат на втората позиција со 49 бодови, 22 победи и 5 порази и како стојат работите наверојатно ќе ја завршат Супер лигата на таа позиција.
Гостиварци со 46 бодови, 19 победи и 8 порази се наоѓаат на третото место, но исти скор има и екипата на Блокотехна со која се борат за третата позиција.
Бидејќи првите четири екипи и математички обезбедија учество на завршниот фајнал-фор, се чека само конечниот распоред на табелата, според кој ќе се одредат полуфиналните двојки, важи правилото 1-4, 2-3. Секоја екипа си има свои калкулации и гледање не работите, но може да се рече дека се насетува како првите две екипи се трудат да ја избегнат екипата на КК Гостивар во полуфиналето.
Пресметката помеѓу КК Работнички и КК Гостивар се игра од 17:30 часот, во училишната сала на СОУ Перо Наков во Куманово. МРТВ ќе врши директен пренос од овој дуел.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот