Вести
Избори во МКФ: Kој ќе биде прв човек на македонската кошарка?
Денеска во Скопје, според одлуката на Управниот одбор на МКФ, ќе се одржи изборно собрание на кое ќе се избира прв човек на Македонската кошаркарска федерација.
Во трката за претседател на МКФ, официјални кандидатури доставија бившиот капитен на кошаркарската репрезентација на Македонија, Перо Антиќ и директорот на МКФ, Владимир Темелковски. Но, доцна синоќа, непосредно пред изборот Темелковски, неочекувано ја повлече својата кандидатура, како наведе поради лични причини.
До овој момент, Перо Антиќ е единствен кандидат во трката за претседател, но правилата на МКФ се такви што кандидатури се прифаќаат скоро до пред самото гласање. Актуелниот претседател, Петар Наумоски се уште се нема изјаснето дали ќе се кандидира за нов мандат или не, се споменуваат и други имиња кои може во последен момент да влетаат во изборот. Според одлука на Управниот одбор на МКФ, секој клуб може да номинира кандидат за прв човек на МКФ.
Изборното собрание ќе започне точно напладне во Сквер 21, во Скопје.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот