Занимливости
Ако врне додека сте на одмор во ова место, ќе ви ги вратат парите!
Ви се случило ли некогаш да ви се расипе летниот одмор заради времето? Тоа знае да биде непријатно и нервозно искуство. На еден италијански остров дошле до интересна идеја, како да ги привлечат гостите без тие да се плашат од временски неприлики.
Островот Елба е трет по големина во Италија, после Сицилија и Сардинија и е многу популарно место за летен одмор, со прекрасни песочни плажи и чисто море. Најновата кампања на тамошните власти е наречена Elba No Rain – Елба без дожд и опфаќа понуда секој посетител кој ќе престојува на островот и искуси два часа дожд во текот на еден ден, да си ги добие платените пари назад. Голем број од агенциите, хотелите и другите сместувачки капацитети се приклучиле на кампањата, која почнува да важи од крајот на мај, а ќе трае преку целото лето. Со оглед на врнежливата пролет во Италија, оваа понуда за многумина е примамлива.
Островот Елба се наоѓа во Тиренско море, на 20 километри од брегот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот