Гостивар
„Чернодрински се враќа дома“ ја воодушеви гостиварската публика
Аплаузи, одлична изведба, задоволна и добро расположена публика. Во ваква атмосфера помина синоќешната претстава ,,Чернодрински се враќа дома“ од Горан Стефановски, дипломска претстава на класата на професор Рубенс Муратовски во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар.
Младата и веќе професионална актерска екипа ги оправда очекувањата на публиката во Гостивар. Со одличната актерска игра на сцената, го одзеде и задржа целото внимание на гостиварската публика, која реагираше со воодушевување и аплаузи.
Улогите во ,,Чернодрински се враќа дома“ ги играа: Марко Дојоски, Моника Ставревска, Дарко Карбески, Емилија Петрова, Мартин Минговски и Мишо Димитријевски.
“Најстрашни се оние времиња кога самиот дом се претвора во туѓина, во џенем, во јабана. Кога човек е на своето огниште а саштисан и отуѓен како змија да го полазила. Кога е внатрешно раселено лице. Кога ,,т’гата,, не е поради отсуство туку поради присуство. Кога седи среди куќи, а не може да си ја препознае домата. На друго место, други места, ДОМА…”, стои во мислата на великанот на македонската драматургија, Горан Стефановски.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот