Гостивар
УЈП бара 80 волонтери – одделението во Гостивар ќе прими три
Управата за јавни приходи преку јавен повик бара да ангажира волонтери – студенти, за волонтерска работа во регионалните дирекции и даночните одделенија низ земјава, во периодот од 1 јули до 30 септември. Може да се пријават студенти од областа на општествените науки, природно – математичките науки, техничко – технолошките науки и хуманистичките науки кои имаат познавање на англиски јазик и работа со компјутери MS Windows, MS Office, односно корисничко познавање од мобилни оперативни системи (Android, IOS) и мобилни кориснички апликации.
УЈП предвидува да ангажира вкупно 80 волонтери, додека за даночното одделение во Гостивар планирани се три места.
„Волонтерот има право на надоместок на трошоците за храна и трошоците за превоз до и од местото на волонтирањето најмногу во висина до 15% од просечната месечна плата исплатена за претходната година.“, наведуваат од Управата.
Заинтересираните кандидати треба приложат: потврда за статусот на студент и писмо за интерес со кратка биографија и податоци за контакт.
Документите се доставуваат во писарницата (архивата) на УЈП или преку пошта на адреса: Управа за јавни приходи, Генерална дирекција Скопје, бул. Кузман Јосифовски Питу бр.1, 1000 Скопје
Со назнака: „За Јавен повик за волонтирање во УЈП“.
Пријавувањето трае заклучно со 18 јуни, вторник.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот