Поврзи се со нас

Гостивар

Доделени над 160 признанија и благодарници-Гостивар има хумани крводарители

Објавено

на

Црвениот Крст од Гостивар на пригодна свеченост ги додели годишните благодарници за крводарителите кои стигнале до јубилејна бројка на дарувања. Признанија добија 162 крводарители кои дарувале крв по пет, десет, дваесет и пет, 50, 75 и 100 пати.

Од Црвениот Крст велат дека на овој начин им се заблагодаруваат на хуманите крводарители, кои даваат дел од себе за да спасат нечиј живот.

„Ова е традиција која ја практикуваме секоја година. Освен на поединци, доделуваме признанија и благодарници и на работни организации и компании, воспитно-образовни институции кадешто редовно се спроведуваат успешни крводарителни акции“, рече Горан Михајлоски од гостиварскиот Црвен Крст.

Гостиварците Данило Велјаноски и Белур Зумбери дарувале крв над 120 пати, а крводарители станале уште додека биле во училишните клупи.

„Јас практикувам да дарувам трипати годишно. Мој апел е да се дарува крв, да се спаси нечиј живот“, вели Данило Велјаноски

„Треба секој да учествува во крводарување, да дава крв за сопственото здравје и за да помогне некому, само за добро нека е“, рече Зумбери.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Колективи на кои им беа доделени признанија на полето на крводарителството се: ПС Гостивар, ХЕЦ Маврово, Општина Маврово и Ростуше.

Од почетокот на оваа година, во крводарителни акции на Црвениот Крст на поширокото гостиварско подрачје собрани се околу 800 единици на крв.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена