Поврзи се со нас

Гостивар

Се наѕира ли конечно решение? Издвоени пари за кровот на ОУ „Гоце Делчев“ со ребалансот на буџетот

Објавено

на

Ќе има ли конечно решавање на деценискиот проблем со руинираниот кров на основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар?

Со ребалансот на буџетот за 2019-та, кој беше изгласан на последната седница на Советот на Општина Гостивар, во делот на капитални трошоци за основни училишта се прераспределуваат 6,2 милиони денари со намена за реализација на проект за изградба на нов кров во ОУ „Гоце Делчев“.

„Тој износ е планиран, а колкава сума ќе се добие како донација и од другите институции, тоа не знаеме“, рекоа од секторот за буџет.

Повеќе детали за проектот, кога ќе започне, што е предвидено и како ќе се одвива, се очекува да бидат познати во текот на следниот месец. Со оглед на тоа што се работи за проект којшто ќе се спроведува во партнерство со странски донатори, ќе треба да се добие зелено светло и од општинскиот Совет.

Кровот на ОУ„Гоце Делчев“ е во катастрофална состојба долго време и е предмет на револт и загриженост меѓу гостиварци, сообено кај родителите чиишто деца учат во ова училиште. Во училниците на горниот кат тече вода, при секои пообилни врнежи од дожд или топење на снегот.  Пред година и пол, како привремено решение општината постави заштитен најлон.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена