Поврзи се со нас

Деца Родители

Како самите си ги претвораме децата во материјалисти

Објавено

на

Едно ново истражување од Универзитетот во Мисури и Универзитетот во Илиноис, Чикаго открива дека родителите кои користат материјални средства како дел од нивните родителски техники им создаваат потешкотии на децата подоцна во животот.

„Нашето истражување сугерира дека децата кои добиваат многу материјални награди од нивните родители, најверојатно ќе продолжат да се наградуваат себе си со материјални добра и кога ќе пораснат, а тоа може да биде проблематично“, велат Марша Ричинс и Лан Чаплин кои го спроведоа истражувањето.

Тие анкетирале повеќе од 700 возрасни и ги прашувале за разновидни околности во детството, односот со нивните родители и наградите и казните коишто ги добивале за време на трите критични фази во детството.

„Нашето истражување ја нагласува вредноста на истражувањето на детските околности и родителските практики за подоцна да се разбере однесувањето на возрасните како потрошувачи“.

Истражувачите откриле три родителски стратегии кои водат кон поголем материјализам:

  1. Наградувањето на децата со подароци кога ќе постигнат нешто, како на пр. кога ќе дадат гол на фудбалскиот натпревар или кога ќе добијат 5-ка.
  2. Давањето подароци како начин на кој искажуваат љубов.
  3. Казнувањето на децата со тоа што ќе им земат некој омилен предмет, како на пр. омилената играчка или видео игра.

Кога родителите ги користат материјалните добра на ваков начин, нивните деца, кога ќе пораснат, во просек имаат повеќе шанси да мислат дека успехот во животот зависи од квалитетот и бројот на материјални средства кои поединецот ги поседува, или пак, дека купувањето на одредени производи ќе ги направи поатрактивни.

Претходните истражувања веќе покажале дека возрасните кои се дефинираат себе си, или ги дефинираат другите според тоа што го поседуваат, имаат поголем ризик за брачни проблеми, коцкање, финансиски долгови и намалена благосостојба. Материјализмот исто така придонесува и за деградирањето на животната средина како резултат на прекумерната потрошувачка и трошењето на добрата.

Родителите кои си ги сакаат своите деца настојуваат да им купуваат материјални награди. „Едно објаснување за поврзаноста помеѓу материјалните награди на децата и материјализмот откако ќе пораснат е тоа дека децата кои ги добиваат овие подароци ќе ги користат средствата кои ги поседуваат за да се дефинираат и зајакнат себе си, многу повеќе отколку останатите деца, што претставува суштински елемент на материјализмот“, истакнува Ричинс.

Други аспекти на родителството, исто така може да имаат влијание на развојот на ставот што возрасниот поединец го има за материјалните добра. Истражувачите пронашле врска помеѓу одбивањето од страна на родителите и материјализмот. На пр. децата кои чувствувале дека родителите немаат време за нив, или се разочарани од нив, биле со поголема веројатност да станат материјалисти. Покрај тоа, возрасните кои добивале материјални награди и материјални казни додека биле деца, многу повеќе им се восхитувале на луѓето кои поседуваат скапи предмети.

„Во ред е да им купувате некои работи на вашите деца, но не заборавајте да им кажете да бидат благодарни за луѓето и работите што ги имаат во животот. Секој пат кога детето ќе изрази благодарност, станува свесно за тоа колку е среќно, со што се приближува кон дарежливоста, а се одалечува од материјализмот“, велат истражувачите.

„Поминувајте повеќе време со вашите деца и учете ги на топлина, благодарност и дарежливост за да се спречи материјализмот“.

 

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 10 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 12 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 17 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 18 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 19 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 21 час

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 22 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 2 дена

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена