Македонија
МВР со апел до учесниците во сообраќајот за поголема внимателност во летниот период
Секторот за внатрешни работи Тетово најавува засилено полициското присуство и сообраќајно-контролни активности во полошкиот регион, посебно во Тетово и Гостивар, поради зголемениот број возила.
„Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на тетовските и гостиварските улици, но и на регионалните и локалните патишта, се апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните знаци и пред се оние кои ја регулираат дозволената брзина, првенство на минување или движењето на пешаците и нивно преминување на улиците.
На возачите, исто така, им се укажува да ги паркираат возилата само и единствено на наменски определените места, а не и на тротоари, во зеленило или пред крстосници, за да не го попречуваат движењето на другите учесници во сообраќајот, особено во централните градски подрачја.
Секторот за внатрешни работи Тетово им советува на возачите целосно да се придржуваат на наредбите на полициските службеници задолжени за регулирање на сообраќајот во таканаречните „шпицеви“, за да се избегнат мешаници на крстосниците и на најфрекфрентните улици.
Полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово законски ќе го санкционираат секој прекршок во функција на максимална сообраќајна безбедност на сите учесници“.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот