Гостивар
Утрово 169 верници од гостиварско тргнаа на аџилак
На аџилак од гостиварскиот регион годинава заминаа 169 муслимански верници, меѓу кои имаа и доста жени. Аџиите од Гостивар тргнаа утрово, по церемонијата за испраќање којашто се одржа во Медресето.
Од Гостивар до скопскиот аеродром патуваат со автобус, од каде патувањето до Саудиска Арабија го продолжуваат авионски.
Поклонувањето во Мека е еден од петте столбови на исламот и секој верник треба да го изврши барем еднаш во животот, доколку има средства и можности. Аџилакот започнува во Мека, пред верниците да продолжат кон долината Мина, на неколку километри на исток, каде е поставен голем град под шатори. Главен момент е поклонување со молитви на ридот Арафат.
Аџилакот се крунисува со муслиманскиот празник Курбан Бајрам, кој годинава се паѓа на 11 август.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!