Рецепти
Екстра летен десерт: Крем сладолед од карамелизирана банана
Сладоледот е несомнено најпосакуваниот десерт во летниот период, кој истовремено ги задоволува потребите за нешто слатко, а и освежува. Секако, највкусен е ако си го подготвите дома. Ова е рецепт за интересен сладолед од карамелиизрана банана, за чија подготовка нема да ви треба многу време, а не мора ни да бидете некој мајстор во кујната, за да добиете добар краен производ.
Состојки:
3 банани
70 гр. кафеав шеќер
1 голема лажица путер
350 мл. млеко
2 лажички шеќер во прав
малку арома од ванила
2 лажици лимонов сок
прстофат сол
подготовка: Исецкајте ги бананите, измешајте ги со кафеавиот шеќер и путерот и ставете да се печат во загреана рерна 30-40 минути. Откако ќе се испечат, префрлете ги во блендер, заедно со сирупот од растопен путер и шеќер од плехот. Додадете го млекото, шеќерот во прав, аромата од ванила, лимоновиот сок и солта и блендирајте додека смесата не се изедначи сосема.
Добро изблендираната смеса, оставете ја најпрво да се излади, а потоа во пластичен сад ставете ја во замрзнувач. За неколку часа, деликатесниот сладолед ќе биде готов.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот