Поврзи се со нас

Македонија

Филипче во посета на Здравствениот дом во Гостивар – најавено реновирање

Објавено

на

Министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерот Асим Муса беа во посета на  Здравствениот дом во Гостивар, кадешто остварија средби со раководството и вработените во установата. Гостиварскиот Здравствен Дом е една од 34 јавно-здравствени установи во државата, за кои Министерството за здравство објави тендер за подобрување на условите, односно реновирање.

„Во последниве две години во овој здравствен дом реализирани се седум вработувања , што претставува значително кадровско зајакнување, набавени се две возила за службите, како и стоматолошки столици. Во овој период повеќе од 136.948 пациенти побарале услуги од оваа здравствена установа.“, наведуваат од Министерството и додаваат дека вработените ги поздравиле  измените во однос на зголемување на платите на здравствените работници.

Во септември 2018 година платите беа зголемени за 5%, додека во јануари годинава имаше ново покачување од 5% за медицински сестри и 10% за докторите специјалисти.

Филипче во Гостивар, заедно со сопартијците од Општинската организација оствари и средба со граѓани на која се раговарало за актуелни активности на Владата и на партијата.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена