Гостивар
Девет нови сертифицирани лични асистенти за лицата со попречености од гостиварско
Во Гостивар втора година по ред се спроведува програмата „Персонална асистенција на лица со попреченост ” на Министерството за труд и социјала, преку која лицата со попречености добиваат обучени лични асистенти, кои им помагаат во нивните секојдневни активности и обврски.
Во новите обуки за лични асистенти, беа вклучени девет кандидати и сите го положиле финалиот испитот и се стекнале со сертификат.
„ Завршниот испит се одвиваше два дена, во присуство на комисија составена од тим на обучувачи доктор и медицинска сестра, надворешни членови од Центарот за социјални работи, преставник од Агенцијата за ваботување и претставник од Здружение на слепи и лица со оштетен вид Реалност Гостивар. Сите девет кандидати успешно го положија завршниот испит со што се стекна со сертификат Личен асистент на лица со попреченост“, информираат од гостиварскиот Црвен Крст, кои учествуваат во реализирање на програмата за регионот на Гостивар.
Од таму нагласуваат дека граѓаните со телесен ивалидитет од 18 до 64 години, од општините Гостивар, Врапчиште и Маврово -Ростуше за да ја користат оваа услуга треба да се пријават во Центарот за социјални работи во Гостивар.
Година и половина, сертифицирани лични асистенти на подрачјево имаат шест граѓани со попречености.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот